Кожените торби и ранци со потпис на Mansur Gavriel се најпродаваните модни додатоци во светот. Сите заинтересирани трендсетерки, што сакаат да имаат примерок од овие чанти ќе мора да бидат трпеливи, бидејќи во продажните центри има долга листа на чекање. Според Business of Fashion ова се првите пост рецесиски ИТ модни додатоци кои го освоија светот. Залихите во популарните продажни канали како Net-a-Porter, Barneys New York, Bergdorf Goodman, Colette и Opening Ceremony се 100 отсто откупени.
Затекнати и среќни за големиот интерес на нивните торби, коосновачките на брендот, Рејчел Мансур и Флоријана Гавриел изјавија пред празниците дека доколку продолжи овој тренд на поголема побарувачка од понуда на нивните модели ќе ја зголемат инфраструктурата и ќе направат систематична и фер листа на чекање.
Станува збор за еден од омилените аксесоари на блогерите и на славните трендсетерки. Има неколку модели, но најпопуларни се кафените и црни ранци и торби со врзување, кои имаат внетрешност со впечатлива боја. Торбите се удобни и практични со минималистички и е елагнтен изглед, со мала рето нота од 90-тите години.
Нема коментари