Покрај тоа што имаат практична функција торбите за плажа треба да го разубават и разиграат летниот стил. Есенцијален дел од гардеробата за летување, треба да собере сè што ви е потребно за на плажа, а позитивно би било да е со стил кој дозволува да ја носите и во други пригоди, како на пример вечерни прошетки. Бирајте големи и платнети торби во интензивни бои и шари, или пак широки, сламени и доста практични. Популарни се етно шарите, како и пом-пом детали.
Секако бирајте некоја гломазна и практична торба која ќе ги собере сите мали и големи работи потребни на плажа, а важно е да е комфорна кога ја носите на рамо. А во неа не заборавајте да ставите зашитни средства за сончање и пешкир, а потоа и книга/списние, паричник, шише ладна вода, огледалце и чешел, очила за сонце, балзам за усни, влажни марамчиња, грицки, фотоапарат за да ги документирате сите авантури, и сè друго што сметате дека е неопходно за плажа.
Нема коментари