Еден од омилените британски high street брендови, кој го носат трендсетерките ширум светот, Topshop, ќе лансира линија за идните невести. По стапките на останатите поголеми етикети за секојдневна мода, како H&M, Topshop ќе понуди урбани и романтични венчаници, по мерка на современите девојки. Првите венчаници ќе се најдат во продажба во март, а се очекува тие да бидат по доста поволни и достапни цени.
Нема коментари