Британскиот бренд за секојдневни модели „Топшоп“ и познатата компанија за спортска облека „Адидас“ соработуваат на нова, капсулна колекција со 20 парчиња. Во линијата се застапени шорцеви и маичка за џогирање, направени од лесен материјал, блузон и други модели со амблемот на adidas Originals. Во промотивната фотосесија креациите ги носи Шарлот Вигинс. Креативната директорка на „Топшоп“, Кејт Фелан, изјави за WWD дека “колекцијата е замислена да се носи и во секодневниот стајлинг, како треновски елемент, но и како опрема за спортување“. Моделите ќе се најдат во продавниците на 6 март.
Нема коментари