Традиционалните дизајнерски базари во кафулето „Љубов“ сега се одржуваат во понеделниците, новиот со реден број 32 е закажан за денеска, од 17 до 23.30 часот. „Да го почнеме летото со едно базарче на топло време. Овој пат понеделнички, таман во пауза од гледање фудбали и пред да се разбегаме по одмори. Креативците кои ќе ве пречекаат во нашиот мал естаблишмент сеVa Dot, Cactus Design, Елена Ристовска, Foreground, MORPHO, УрбанЕра, Kaiya Bath & Body, Anechi’s Atelier, Ani Soro на Андријана Андреева и Карло Хорват“ стои во најавата.
Нема коментари