Приоритет во модниот избор во студените јануарски денови е да носите топла и удобна облека. Тоа подразбира во вашите комбинации да има плетените парчиња, креации од твид, волна, а во предвид се и повеќеслојните варијанти. Тие што сакаат, покрај пракричната , да вметнат и модерна нишка во секојдневниот стајлинг, може да ги применат интересните комбинации инспирирани од уличната мода и од познатите модни блогерки. Тие оваа зима носат дебели јакни, крзнени додатоци, плетени фустани, џемпери и туники во комбинации со здолништа. Големо враќање има и ролката.
Плетените ролки се практична и топла идеја која може да ја примените на работното место (доколку кодексот не е строг), за вечерните излегувања, во прошетките… Покрај кежуал комбинациите со фармерки, долги или килот панталони, миди здолниште или хеланки, може да ги носите и со мини, или со свечено здолниште од свила,тантела, плисе. Исто така може да изберете кожени панталони, метлалик хеланки или здолниште и друго. Во продолжение е избор од повеќе идеи како да „сплетете“ топли стилски комбинации со плетена ролка.
Нема коментари