Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска од „Преплет“ веќе втора година испреплетуваат креативни слогани, создаваат дизајнирани шолји, торби, честитки и други предмети, а најново од нивното ателје е каталогот за сезоната пролет-лето 2015 на кој соработуваа со фотографката Билјана Ќосева и со Јана Андоновска како модел. Девојките од „Преплет“ пред да го лансираат каталогот, пуштија и видео кое е како тизер за каталогот, а на него работеа режисерот режисерот Марко Црногорски и дизајнерот Симон Стојановски.
-Приказната за овој каталог презентира топли инспиративни утра низ кои се преплетуваат нашите производи. Претставивме едно вообичаено секојдневие во које може да се пронајде секој од нас. Стануваме, пиеме кафе, појадуваме нешто вкусно и со позитивни мисли го започнуваме денот. Нашата цел е да докажеме дека дом исполнет со производите од „Преплет“ претставува слика која секојдневно може да те инспирира, бодри и потсетува дека постои подобар свет кој само ние самите можеме да си го создадеме – ни рекоа од „Преплет“.
Колекцијата за пролет/лето 2015 содржи предмети како шолји за кафе и чај, чинии, перничиња, платнени ранчиња, најразновидни постери, подметачи, беџови и уште многу други производи кои, како што велат Викторија и Магдалена, „можат да ни ги разубават летните денови кои што следат“.
Нема коментари