Неколку сезони наназад имаме опсесија со плисираните миди здолништа, и да, ќе ги носиме и оваа пролет. Извадетете ги од плакарите и смислете си неколку комбинации кои што ќе ги ротирате цела сезона. Убавата страна е што ова модно парче дозволува секакви стилови, од дамски до лежерен, а модните познавачки предлагаат оваа пролет да се комбинира со дуксер за поурбан и модерен изглед, со долго сако соодветно за во канцеларија или со маичка со принт за оние со рокерско-шизички стил.
Нема коментари