Модната блогерка Азизе Демиши, која е позната по своите објави со совети за шминка, како и по постовите за облека на блогот Rosee96.blogspot.com, оваа пролет најмногу носи миди здолништа, патики slip- ons, модели со пруги, бел фустан и фармерки. За читателите на Stylist.mk открива зошто токму овие парчиња се нејзниот топ-5 избор за оваа пролет, поткрепено со фотографии на кои самата таа носи дел од овие модели.
1. Миди здолниште
Овие здолништа се инспирирани од модата во 50-тите години на минатиот век, и изгледаат добро на секоја форма на тело. Одлични се за пролет и лето, за дневен и вечерен изглед. Комбинирајте ги со кошули, маички со кул натписи, кроп топ и слично.
2.Slip-ons
Во патиките slip- ons се вљубив уште првпат кога се појавија. Одлични се за секојдневен полежерен изглед, кога сакаме удобност, а сепак одлична модна комбинација.
3.Линии
Моделите со линии не излегуваат од мода неколку години по ред. Идеални се за креирање интересни комбинации, особено зашто одлично изгледаат споени со некој друг дезен, како што е цветниот.
4. Бел мини/миди фустан
Мини или миди изборот е ваш, но белиот фустан е must have за оваа сезона. Зависно од моделот, белиот фустан трпи многубројни трансформации, па со соодветни модни додатоци можете да го носите за најразлични пригоди.
5. Џинс
Фармерките се незнаменливи во секоја модна приказна. Искинати, „бојфренд”, тесни, фармерки на висок струк, нема да погрешите со изборот.
Трендови за шминка
Што се однесува до трендовите за шминка годинава ќе има микс на тенденции од минатите сезони. Но сепак, мејкап артистите се стремат кон минимализмот, односно шминка доволна за да се покријат недостатоците, полни веѓи, истакнати усни, минимално нанесено руменило итн.
Нема коментари