Оваа стилска листа открива 10 пролетни трендови кои ќе бидат актуелни сезонава, а ќе ви помогне да ја освежите гардеробата и да го организирате списокот за следниот шопинг.
КОМБИНЕЗОН
Оваа сезона актуелни се комбинезоните кои наликуваат на работничките, а може да се комбинираат со патики или со сандали со високи потпетици
ВОЈНИЧКА ЈАКНА
Ова парче ќе ја замени кожената јакна. Популарни се и јакните со повеќе џебови кои потсетуваат на сафари-стилот
БЕЛИ ФАРМЕРКИ
Повремено се појавуваат во мода, оваа сезона се носат бели фармерки со широки ногавици
МИДИ ФУСТАН
Еднобоен или со цветен принт, за секојдневно или вечерно излегување, ова е најженственото парче на сезоната и доаѓа во најдобрата должина на сезоната – миди. Лесно се комбинира со патики, штикли, елегантен мантил, шизичка војничка јакна…
КОЖЕН МАНТИЛ
Поинаква верзија на класичниот мантил, во пролет носете го во потопли, неутрални нијанси
ЧАНТА СО ЗМИСКИ ПРИНТ
Животинскиот принт е тренд, за чанта изберете ја шарата на питон
УКРАСНИ ШНОЛИ
Оваа сезона се носат шноли кои се украсени со бисерни перли
СЛАМЕНА ТОРБА
Дизајнерот Жакемус претстави модел на сламена чанта кој ќе биде хит оваа сезона пролет-лето 2019
КОСТУМ СО БЕРМУДИ
Бермудите доживеаја голем камбек во модата, а трендсетерките ги носат во комплет со предимензионирано сако
ПОЛУОТВОРЕНИ ЧЕВЛИ
Совршени обувки за во пролет и почетокот на летото – отворена пета, средна kitten потпетица и со шпиц-форма. Може да бидат во интензивна боја или украсени со светки, вез и бисери
Нема коментари