Еден од најдобрите австралиски дизајнери Тони Матичевски беше предмет на третирање на веб сајтот Buro247.hr, хрватското издание на интернетската платформа иницирана од Мирослава Дума, кој објави напис под наслов „Македонскиот дизајнер кој Соланж Ноулс го обожава“. Buro 24/7 пишува дека дизајнерот со македонски корени делува од 1999 година и дека има специфичен стил, сака да ја истражува класичната силуета во комбинација со необична конструкција. Сајтот наведува дека креации на Матичевски носат Соланж Ноулс, Оливија Палермо, Ким Кардашијан, а за илустрација нуди повеќе фотографии од различни колекции, како и од онаа последната претставена во април на модната недела во Мелбурн. За Матичевски пишуваат најрелевантните светски модни публикации, а често може да се најде и на австралиската верзија на Buro 24/7. (К.Т.)
Нема коментари