Австралискиот дизајнер со македoнско потекло Тони Матичевски ја доби најпрестижната модна во Австралија и е прогласен за моден лауреат за 2016 година. Кралот на архитектонскиот дизајн и прецизниот крој, Матичевски ја прими главната награда на престистижниот избор за Моден лауреат во годината која се смета за една од најуспешните за дизајнерот, кога прикажа успешни колекции и годината во која беше отворена неговата прва изложба Maticevski: Dark Wonderland, која ќе биде поставена до 20 ноември Bendigo Art Gallery. Наградата Моден лауреат се доделува на дизајнери кои постигнале значаен придонес за развој, промоција и унапредување на австралиската модна индустрија на меѓународно ниво.
Преглед на последната колекција на Тони Матичевски на следниот ЛИНК.
Повеќе написи за Тони Матичевски на Stylist.mk на овој ЛИНК.
Нема коментари