По реорганизацијата на Style.com Томи Тон остана без работата на главен фотограф на улична мода на сајтот, но се враќа како независен фотограф на сопствена интернет страница TommyTon.com. Еден од најпознатите фотографи на улична мода на сцената се појави во 2005 година, прво делата ги постираше на својот блог Jak&Jil, а подоцна беше ангажиран од страна на Style.com и GQ.com. На својот нов сајт Томи ќе постави архивски материјал од 15.000 фотогафии, а посетителите ќе имаат можност да пребаруваат фотографии според неколку категодии – бои, бренд, тренд, личности, сезона… Во идните месеци тој планира да вметне и оригинални интервјуа, едиторијали, видеа, фотографии од ревии, бекстејџ фотогафии, а во септември ќе биде присутен на претстојните модни недели.
Нема коментари