Во зимска атмосфера, налик на некој ски-центар, американскиот креатор Томи Хилфигер вчера ја претстави својата нова колекција на Модната недела во Њујорк. Моделите за сезоната есен-зима 2014-1015 не носат некои иновативни решенија и во основа се комбинација на веќе добро испробани модели. Но, и покрај тоа, во себе имаат освежителен жар, кој топли со интересниот спој на материјали и комбинација на парчиња. Креациите се повеќеслојни, а користени се и различни шари и микс од земјени бои со дреч нијанси. Доминира карото, кое е со повеќе тонови и со различна големина на принтовите. Ги има сите препознатливи симболи на традиционален американски изглед: карирана кошула, фармерки, каубојки и јакна со крзно, а тука се и моделите со реси. Застапени се многу популарните ќебиња-капути и фустани од подебел материјал со нагласен волумен.
Нема коментари