Ревијата за колекцијата на Том Форд за пролет-лето 2020, дел од Њујоршката модна недела, беше прикажана под земја – на платформата во метро станицата Bowery. Новите креации на Форд се инспирирани од 80-тите години ставени во контекст на постапокалиптичко подземје – балски здолништа комбинирани со бели маици, предимензионирани сакоа, пластифицирани парчиња, модели во флуоресцентни бои.
Нема коментари