Новата рекламна кампања на Том Форд за есен-зима 2014/15 има необичен кастинг на модели. Во центарот е Џиџи Хадид, богаташка чија мајка е дел од реалното шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“ и која пред неколку дена се појави како заштитно лице на парфемот Velvet Orchid од Том Форд. Дизајнерот ја ангажира и за главната кампања на својата колекција, а Џиџи позира покрај повеќе модели, некои од нив деца на познати личности како на пример Патрик, синот на Арнолд Шварценегер, Ела Ричардс, внука на Кит Ричардс и ќерка на супермоелката Луси де ла Фелаз, Иан, синот на музичарот Џон Кугар Маленкамп. Во кампањата се појавуваат и Јаја Дaкоста, Ешли Гуд, Лида Фокс, како и холандската трансродова манекенка Валентин де Хинг. Фотографиите се на Џони Дуфорт, а кампањата има за цел да укаже на индивидуалниот стил со мешавина на спортски, глам и дамски стил.
Нема коментари