Деновиве се одржа традиционалната завршна ревија на студентите од студиската програма за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, годинава настанот беше на отворено и во форма на перформанс во кој гостуваа и студенти од други факултети на УКИМ. Темата на ревијата е Метаверзум или универзум, всушност тоа е клучното и несомено актуелно прашање кое им беше поставено на студентите. Тие под менторство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева, размислија и креираа модни креации како одговор на прашањето метаверзум или универзум?, релацијата меѓу виртуелното и реалното како резултат на новите технологиии, новиот универзиум во кој виртуелното е веќе реалност.
-Иако не се воздржуваат од употреба на сите најнови технолошки достигнувања, генерациите кои доаѓаат сепак го преферираат човечкиот контакт – постои надеж. Сепак, изминативе години, поврзаноста помеѓу нас беше важна повеќе од кога било. Некои изминатиов период го доживеаја како можност за забрзана експанзија на технолошкиот напредок, но некои како изолација и недостаток од човечки контакт.
Идејата за метаверзумот ќе еволуира, ќе се менува, како што ќе се менува начинот на којшто ќе ја употребуваме оваа алатка. Но останува отворено прашањето дали употребата ни е наметната или сепак ќе успееме да го добиваме само најдоброто?
Па да размислиме: Што е подобро? Виртуелно кафе во Њујорк или вистинско кафе дома? Но доколу веднаш можам да ја видам најновата изложба во МЕТ музејот во Њујорк, без да го напуштам својот дом, зошто да не поминам низ тоа задоволство?
Често слушаме околу себе дека сите ние сме веќе малку сменети, па така, заедно со нас, ќе се менува и технологијата. Во која насока ќе продолжиме останува да покаже времето (доколку успееме да го дефинираме) – ова се размислите од ТМФ.
Настанот го проследија личности од политичкиот, универзитетскиот, дипломатскиот, јавниот и медиумскиот свет, како и бројни пријатели на модата. Идејата на ревијата/перформанс во која се вклучија и други факултети е да се прати силна порака за поврзувањето и заедништвото.
-Токму поради изолираноста во којашто живеевме, сега сакаме да се поврземе од почеток и да создадеме нешто заедно. Па така, задоволство ни е да кажеме дека за прв пат, во нашиот проект се вклучени и студентите на Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за драмски уметности и Филолошкиот факултет Блаже Конески, па воедно сакаме да изразиме голема благодарност за соработката до нашите колеги, професорите. Ние сме УКИМ, ние сме едно семејство.
Ревијата беше реализирана и со помош на модните агенции Подиум и Црнокрак, козметичката линија за коса од Revlon Professional во соработка со Social Hair Salon и производите за убавина од Farmasi во соработка со Школа за убавина Арт.
Погледнете што креираа студентите по моден дизајн на ТМФ:
Нема коментари