На светскиот ден на борбата против ракот на дојката, вечерва на 19 октомври, во 20 часот на на TLC во цела Европа ќе се прикажува со Еми наградениот документарен филм „Потполно разоткривање“, кој се темели на SCAR проектот. Овој емотивен, и пред сè инспиративен документарен филм го прикажува човечкиот лик на луѓето кои ја преживеале болеста. Документарниот филм го следи њујоркшкиот моден фотограф Дејвид Џеј заедно со четири храбри жени, сите во различна фаза во борбата против болеста кои се предмет на инспирација на неговата револуционерна фотографска сесија The SCAR Project. Преку фотографиите на жените во разни фази од болеста, во текот на нивното лечење и заздравување, прикажува многу повеќе од нивните лузни и ќелавост. Пред сè, неговите фотографии откриваат моќ, желба за живот и убавина.
Преку истражувањето на животите на овие млади жени и нивната реалност, „Потполно разоткривање“ ќе ни прикаже на кој начин болеста влијае на нив и на нивните најмили, дава одговор на прашањето, што ги тера да се фотографираат во моментите кога се најранливи. Зошто откако имаат преживеано болка сега се откриваат на светот на таков искрен и сиров начин?
Главната намена на овој проект е подигнување на свеста кај младите жени за оваа болест, а подлабоката порака на овој проект е наменета за човештвото.
На крај, The SCAR Project не се фокусира само на болеста туку и на состојбата на човечкиот дух, фотографиите ја надминуваат болеста и ги осветлуваат лузните кои сите треба да не обединат. Ракот на дојката не е само розова панделка – мотото кое треба да ја подигне свеста за редовни прегледи.
Кој е Дејвид Џеј и што го мотивирало да се зафати со еден ваков проект?
Моден фотограф кој ја следи убавината повеќе од 15 години. Неговите фотографии се појавуваат во многу меѓународни магазини и рекламни кампањи. Но, како и многумина, лично го засегнала оваа болест во моментот кога на негова блиска пријателка и бил дијагностициран рак на дојката на 32 години. Неговите храбри протрети за болеста ја предизвикуваат традиционалната перцепција за ракот и ја прикажуваат суровата убавина, сила и карактер на овие извонредни млади жени. Секој портрет претставува единствена приказ на патот кој го поминуваат овие жени кој го менува нивниот начин на живот од темел, а во исто време и ги обединува.
Нема коментари