Сè што треба да знаете за материјалите на модните парчиња што ќе ги изберете во текот на летото
Летото влезе во нашето секојдневие и целото внимание е насочено кон тоа како да создадеме соодветна и комплетна гардероба. Многу пати понесени од трендовите и дизајните кои се популарни, забораваме да се фокусираме на детали што ќе го променат и нашиот стил и нашата удобност, ткаенините од кои е направена облеката што ја носиме спаѓаат во оваа категорија.
За летната сезона и деновите со многу високи температури постојат неколку ткаенини кои ќе станат ваш најдобар сојузник, бидејќи покрај стилот, тие великодушно ќе ви ја обезбедат потребната свежина или барем нема да додадат поголема топлина. Еве кои ткаенини се препорачуваат во топлите денови.
Лен
Една од основните и омилени ткаенини на летото без двојба е ленот. Лесен, транспарентен и апсолутно модерен, има важно место во нашата летна гардероба. Иако лесно се тутка и ја губи својата форма, тоа ни овозможува да создадеме сесма ноншалантен, но секогаш модерен изглед. Изгледа многу убаво во бела боја, но и во неутрални и земјени нијанси.
Памук
Погоден е за сите сезони, бидејќи е природно влакно, што овозможува слободно движење на воздухот во внатрешноста на ткаенината. Ја остава кожата слободна да „дише“, обезбедувајќи удобност и флексибилност. Во овој момент вреди да се спомене дека во последно време се појавува со името поплин, кое главно се користи за правење кошули, но и панталони.
Вискоза
Вискозата е материјал произведен со обработка на целулоза, структурен полисахарид на растенија, кој е погоден за создавање облека што го „гушка“ телото. На кратко, тоа е растителна суровина, што е еквивалентно на свила. Овозможува телото да „дише“ на ист начин како памукот. Не е потребна посебна грижа, бидејќи можете да ја исперете дури и рачно со млака вода.
Chambray памук
За жал, тексасот не е погоден за летните денови, бидејќи тоа е многу тешка ткаенина. Меѓутоа, ако сте љубител на тексасната облека, во лето изберете парчиња од не мора да се грижите, бидејќи можете да изберете парчиња од Chambray, ткаенина слична на тексасот, направена од истиот принцип на предиво, но во многу потенка варијанташто ја прави многу попоодна за лето.
Нема коментари