Рикардо Тиши и „Живанши“ дозволија прв поглед на кампањата за претстојната пролетна колекција. На фотографијата обавена на „Инстаграм“ се појавува и самиот Тиши, како креативен директор на париската модна куќа, а друштво му прават супермоделите Миранда Кер, Наталија Водјанова, Џема Ворд, Лара Стоун, Маријакарла Босконо, Џоан Смолс, Кендис Свонпул, Иселин Стеиро и повеќе машки манекени. Промотивната фотографија е дело на дуото Мерт и Маркус, направена е на локација во Бруклин, Њујорк, а стајлингот е на Карин Ројтфелд.
Нема коментари