Продуцентите на No Time To Die, 25-от по ред филм за тајниот агент Џејмс Бонд, вчера го објавија новиот трејлер. Ова е последен филм со Даниел Крег како Џејмс Бонд, а премиерата откако неколку пати беше одлагана поради пандемијата на коронавирусот, сега е закажана за ноември годинава.
Покрај Крег, во No Time To Die глумат и Леа Сејду, Рами Малек, Лашана Линч, Рејф Фајнс, Ана де Армас, Наоми Харис, а режисер е Кери Џоџи Фукунага.
Нема коментари