Од денеска, 11 март, па сè до крајот на месецот март оваа година, Timbеrland Македонија ги повикува сите вљубеници во фотографијата да учествуваат во фото натпревар, во кој ќе го прикажат своето омилено место во Скопје за бегство од градскиот метеж.
Koја е вашата оаза сред урбаниот хаос?
Правила на натпреварот
Направете фотографија од Вашето омилено место за бегство од секојдневниот градски метеж. Локацијата треба да биде во Скопје, место кое вие сметате дека е уникатно и смирувачко – оаза сред урбаноста, а фотографијата треба во целост да го долови духот на местото кое го претставувате.
Фотографиите означете ги со хаштаг #escapeanywhereskopje и испратете ги на timberland@fashiongroup.com.mk.
Натпреварот трае од 11.03 до 31.03.2019. Победниците ќе бидат прогласени на 05.04.2019 година. Фотографиите ќе ги оценува жири, чиј состав дополнително ќе го објавиме.
Најдобрите две фотографии ќе добијат награда – производи од Timberland (колекцијата Brooklyn или Delphiville), a следните двајца ќе добијат картички со попуст.
Во натпреварот може да учествува секој, а особено ги охрабруваме полу-професионалните и професионалните фотографи да земат учество.
Нема коментари