Календарот на Pirelli за 2018 година ќе го фотографира Британецот Тим Вокер, препознатлив по својот екстравагантен и уметнички израз, што значи очекуваме сосема поинаков имиџ на најпознатиот календар. Вокер неделава ја почнува фотосесијата во Лондон, но концептот и кастингот во потполност се во тајност и ќе бидат откриени дури кон крајот на летото.
Познат како еден од највозбудливите модни фотографи, се претпоставува дека пристапот на Тим Вокер за календарот на Pirelli ќе биде вистински визуелен спектакл. Во последните години се смени концептот на Pirelli календарот, па наместо еротизирани фотографии на голи манекенки, фокусот е понежен и поприроден со истакнување на особеноста на успешни жени. Во таа линија, исчекуваме да видиме која ќе биде визијата на Тим Вокер, фотографот кој спојува фантазија, надреализам, природа и романтични мотиви во својата работа.
Нема коментари