Французинката Тилен Блондо пред четири години предизвика голема контроверза во модата поради фотосесија за француски Vogue. Проблемот беше што тогаш имаше само 10 години и беше фотографирана како да е возрасна – нашминкана, топлес, со високи потпетици и во секси пози. И ја разгори критичната дилема за хиперсексуализација на децата и за тоа ‘Колку млад е премногу млад за манекенство’. Тилен денес има 14 години, се појавува во тинејџерски списанија како Teen Vogue и сè уште им пркоси на правилата на модната индустрија да не се „искористуваат“ модели помлади од 16 години. Тилен е всушност ветеран на сцената, на четири годишна возраст ја откри Жан Пол Готје и ја ангажира во една негова модна ревија, по што продолжи да снима за едиторијали и кампањи за деца, сè до моментот кога Карин Ројтфелд, тогаш главен уредник на француски Vogue, одлучи да објави едиторијал во кој таа позира како возрасна. Во модниот свет се смета дека поради овој чекор Кари ја изгуби престижната работа во магазинот.
илен потоа направи пауза од манекенството, но повторно предизвика внимание лани кога на неполни 12 години се појави на насловната страница на Jalouse под називот новата Кејт Мос. Сега на 14-годишна возраст, како модел на агенцијата IMG, повторно е актуелна и снима едиторијали. Нејзиното враќање беше пропратено со наслови како ‘Малата Тилен порасна’, иако на ова возраст е далеку од порасната. Можеби пред нас гледаме процес на создавање на супермодел, но Тилен и понатаму е доста мала за позирање како возрасна. На прашањето дали е премногу млада за манекентво, Тилен за Teen Vogue вели: „И Кејт Мос кариерата ја почна на 15 години, така што не, не се чувствувам премноги млада. Ако зад вас стојат вистинска модна агенција и поддршката од семејството, тоа е совршено.“ Да не заборавиме дека Тилен многу порано почна со оваа професија во однос на Мос. Како и тоа дека Кејт Мос поради сексуализацијата на некои фотосесии доживеа нервен слом на 17 години и нерадо се потсетува на почетокот од кариерата.
Нема коментари