Уникатна појава со андроген изглед, со необична скоро вонземна убавина, со смел моден израз и неретко надреални и скулптурални стајлинзи на црвениот килим, Тилда Свинтон без пардон можеме да ја наречеме костичка модна икона и жена чиј стил не признава возраст и правила. Тилда деновиве наполни 58 години, а во последниве неколку децении одушевува со својот стил и моќта на трансформација. Сака да ги носи креациите на Раф Симонс, „Шанел“, „Скјапарели“, Џил Сандер, „Селин“, „Ланвин“ од времето на Албер Елбаз, но најчесто соработува со дизајнерот Хајдер Акерман. „Тој успева да креира облека што станува едно со телото на оној што ја носи – тоа е ретка дарба. Во неговата облека може слободно да се движиш, ми се допаѓа овој пристап кој е многу редок во модата“, вели Свинтон за Акерман.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари