Тијарата што актерката Мишел Докери ја носеше во историската серијата „Опатијата Даунтон“ ќе може да се изнајмува. Четириесет и пет каратната дијамантска круна, која Леди Мери (Мишел Докери) ја имаше на себе на својата свадба со Метју Кроули во една од епизодите специјално снимени за Божик, сега е достапна за наем во лондонската златара Bentley & Skinner.
Моделот е направен во стилот на накитот од 20-тите години од минатиот век, кога и се случува дејствието на серијата, во вид на венец со листови и цветови, накитени со мали, бели дијаманти. Најмувањето на ова, веќе добро препознатливо парче накит, чини 1.250 фунти дневно.
Нема коментари