Младатата пејачка и актерка Зендаја сè повеќе го привлекува вниманието на јавноста и модните познавачи кои го препознааа нејзиниот стил и автентичност. На модните настани и на црвениот килим оваа 21-годишна девојка скоро секогаш одушевуваа со својата впечатливост, ова го забележаа и луѓето од сајтот за модна продажба Boohoo.com кои ја повикаат Зендаја да биде еден вид на стилски куратор на линијата The Zendaya Edit, колекција која се повикува на модата од 90-тите.
Зендаја всушност избра 50-тина омилени парчиња од пролетната колекција на Boohoo – џинс, комбинезони, маички со слоган, фустани, звонести панталони, аthleisure парчиња и кратки блузи. Цените на Boohoo се движат од 8 до 55 фунти, што на Зендаја многу ѝ се допаѓа поради достапноста до поширока публика.
-Ги познавам моите обожаватели и знам што им е важно. Тие се шик, модно освестени и ја сакаат облеката, но како и повеќето луѓе, сакаат да можат да купат нешто со помал буџет. Почувствував дека оваа соработка е совршена токму поради мојата желба да им помогнам да одберат парчиња кои не се само „тренди“, туку исто така достапни – изјави Зендаја.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари