После ланските настани THE GIN GARDEN и THE WHISKEY GARDEN, успешно организирани согласно ковид протоколите од страна на организаторот Боттега Евенти, ова лето’21 доаѓа уште еден дводневен настан, во малку поопуштена, но сè уште одговорна варијанта. За оваа летна сезона Боттега Евенти го најави нов “garden” настан за дегустација на пијалоци THE SOCIAL GARDEN. Во среда, 30 јуни и во четврток 1 јули, во Зелената градина на кровот на ГТЦ ќе се одржат настани посветени на дегустација на фини пијалоци и нивни варијации. Во среда ќе се забавуваме со Соња Исмаил, во четврток музика пушта Зоки Бејбе. Иако беше најавен почеток за 19.30 часот, поради високите температури во среда и четврток, времето на настанот за двата дена ќе биде поместено за еден час, односно од 20.30 со 12 часот.
Време е повторно да се социјализираме, одговорно!
Еве уште неколку важни информации:
Ограничен број на посетители ќе уживаат во ***неограничена дегустација на различни брендови пијалоци во чиста и во збогатена форма.
Цена за присуство на еден ден од настанот: 1200 денари, картите се во ограничен број, достапни само во електронска продажба на следниов линк: www.bottegaeventi.com/tickets
Краток опис на настанот и безбедносни протоколи на настанот:
- Дводневен настан организиран во 2 посебни дена, среда и четврток.
- Организаторот ќе се придржува на мерката за исполнетост до 50% од капацитетот на Зелената градина на ГТЦ.
- 4-часовно дружење со почитување на актуелните протоколи.
- Секој посетител ќе може да се смести во Зелената градина на позиции за седење и стоење (светлосни модуларни елементи, коктел маси, клупи на градината и сл.)
На посебни светлосни и брендирани пултови обучени бармени/презентери ќе им презентираат и сервираат на посетителите чисти пијалоци и пијалоци во коктел форма, со организиран пристап на посетителите кон пултовите.
***Доколку посетителот е под неконтролирано дејство на алкохол, истиот ќе биде предупреден од страна на организаторот, додека обезбедувањето има право да го одстрани од настанот.
Нема коментари