Хотел во пастелни нијанси и арт-деко стил карактеристични за Мајами
Музичар, продуцент, повремено моден дизајнер и сопственик на козметичка линија, познатиот Фарел Вилијамс сега е и хотелиер и го отвори „Гудтајм“ (The Goodtime Hotel) во Саут Бич, Флорида.
После лансирањето на двата ресторана ToShare во Сен Тропе и Swan во Мајами, музичарот Фарел Вилијамс повторно се обедини со магнатот за ноќен живот Дејвид Грутман и отвори хотел. The Goodtime е првиот хотел на Фарел и беше отворен ланската година во присуство на Дејвид и Викторија Бекам, Ким Кардашијан и раперот Фјучер.
-Сакаме хотелот да пренесе чувство и на ревитализација и на таа ретка возбуда што ве обзема кога ќе откриете нешто посебно. Тоа е онаа адреналинска сензација што ја чувствувате кога влегувате во сосема нов амбиент и сосема нов начин на размислување. Ова место ќе обезбеди добро време за сите што ќе дојдат – вели Фарел.
Проектот е замислен како бегство среде град, искуство со кое зад себе ги оставате сите грижи и нервози“. Во однос на декорот, хотелот преку пастелните бои и реинвенција на арт деко стилот ја следи естетиката на Мајами. Фарел Вилијамс и Дејвид Грутман ги поканија архитектот Морис Аџми и дизајнерите Кен Фулк и Рејмонд Џанглс да ги осмислат ентериерот и екстериерот. Забележуваме розова и други пастелни тонови, животински принт на ткаенините, тропски мотиви, референци на Карибите и Средна Америка, на летувањето во Акапулко и Хавана во 50-тите години од минатиот век.
Хотелот покрај 266 соби има ресторан, зелена тераса и лоби со тропски тапети и ламби со мотиви на жирафа и слон. Покрај базенот со мост украсен со палми, работи барот Strawberry Moon. Околу се поставени мали бунгалови за излежување, а и овде доминира розовата боја.
Да отпатувањеме, виртуелно, до Мајами и да го поледнеме овој „весел“ хотел.
Нема коментари