Во гламурозна и романтична атмосфера, шест модни куќи и дизајнери на венчаници напрвото изданиена The Bridal Fashion Night вчеравечер им ги претставија своите најнови модели на идните невести во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.
Вечерта посветена на невестите, во организација на Моден викенд-Скопје, започна со „модна венчавка“ за да продолжи со 11 венчаници од колекцијата „ Дваесетите пролетти“ на студиото „Зиане“ кое воедно годинава одбележува 20 години од своето постоење. „Зиане“ се врати на модните писти по десет години откако за последен пат своите креации ги покажа во 2004 година.
„Ал Апарел“ прикажа дел од колекцијата „Faith“ за 2014 година составена од свечени фустани и венчаници. Од модната куќа најавија претставување на останите модели со нова фотосесија.
На третата ревија, манекенките од модната агенција „Подиум“ беа облечени во шест венчаници и четири вечерни тоалети на Emili exclusive design“. Гламурозните и модерни венчаници освен што се уникатни, изработени се рачно.
Оперскиот пејач и модел Дарко Тодоровски кој посетителите ги водеше низ модната вечер како четвртти ги најави венчаниците на ателјето „Жана“ кое се претстави со романтични фустани во шампањ и праска боја изработени од индиско ламе и лакиран брокат.
Претпоследната ревија на бутикот за венчаници „Бианка“ донесе десет несекојдневни модели на венчални фустани и ја заврши ревијата со необична раскошна венчаница во кафена боја.
„Модната вечер на невестите“ заврши со најновото од MCouture by Mila Kadriu. Модната куќа подготви елегантни, но и шик кратки венчаници кои ги следат светските трендови.
Мејкап и бјути партнер на настанот беа Cosmo во соработка со „FreshMinerals“(шминка), брендот Rolland во соработка со фризерските студиа Бубе Студио Ин и Cool Cut (фризура). Декор-партнери на настанот- FANCY Marriage – „Ние ги организираме вашите спомени“-организација на свадби и други свечености. „Моет“ и овојпат „Поврзува двајца за елегантен и весел Валентајн или за значајни моменти во животот“. Peugeot е секогаш тука да понуди соодветен модел на возило по мерка на сопружниците, за секој нов ден да им биде уживање при возењето. Од годинава Моден викенд Скопје покрај организацијата на најголемиот моден настан што се случува кај нас, застана и зад новиот проект- The Bridal Fashion Night кој воедно е и прв од ваков тип во Македонија.
Нема коментари