Термоцрвената нијанса најчесто се среќава во ормарите во есенскиот и зимски период. Факт е дека почесто е дел од женската облека, но често се провлекува и кај машките модни парчиња. Како синхронизирани модните куќи и дизајнери за тековната есен-зима сезона за мажите понудија по неколку стајлизни што вклучува т.н. бордо боја. Тоа е една од боите која одлично им прилега на сите мажи, од сите генерации и од различна стилска определба. Младите ги прават посмели, а припадниците на повозрасните генерации ги подмладува и разведрува.
Кошулите, џемперите, блузите, блузоните, капите, шаловите и ракавиците во нијанса на темноцрвено вино лесно се комбинираат со сива, црна, крем, бела, темнозелена и кафена боја, кои се и најчесто застапените бои во машката гардероба. Оваа сезона понудата се прошири и на палта, панталони и капути.
Нема коментари