На терминот тематски парк веднаш си замислувате забавен парк, многу деца и редици за некоја вртелешка, но Франција сосема го менува значението и отвора тематски парк – за вино. Да, во овој парк се оди без деца… Франција го претставува La Cité du Vin (Град на виното), прв вински тематски парк кој се овора на брегот на реката Гарона во гранцускиот град Бордо, кој од утре 1 јуни е отворен за посетители. Овде ве очекуваат пробување на вина, ресторани, тапас бар, винотеки, аудиториум за симулирани приказни и продавница со избор на вина од 80 земји. Има дури и „ода“ на мамурлакот – седнувате во високи фотелји и ги слушате приказните за познатите пијанства. Самата зграда е визуелно одушевувачка. Модерната градба е дело на архитектите Анук Лежондр и Николас Демазиер кои дизајнирале „простор во облик на симболите на идентитетот: испреплетени винови лози, вителот што се создава кога се тура виното во чаша“. Секој детаљ на градбата се повикува на душата на виното и на неговата течна состојба. (К.Т.)
Нема коментари