Дали Марјан Пејоски е навистина најпознатиот македенски дизајнер за кој Американците не слушнале!? Вака вели престижниот американски весник „Њујорк тајмс“. Да најпознат во светски рамки, ама многу е веројатно дека слушнале за него. Како што веќе ве информиравме пред неколку дена, македонскиот дизајнер Марјан Пејоски со неговиот бренд KTZ за првпат ќе прикажува колекција во рамките на Њујоршката модна недела, за што пишуваше и Style.com. Денес престижниот „Њујорк тајмс“ објави текст и интервју, во кој солидно го истретира македонкиот дизајнер, со повеќе изјави од Пејоски. Весникот се осврна на неговата кариера, формирањето на KTZ, неговото модно образование во Лондон, животот на Бали, мешањето на разни естетски стилови, како и на оној фамозен фустан-лебед што Бјорк го носеше на доделувањето на „Оскари“ во 2001 година и кој наскоро ќе биде дел од ретроспективната изложба за исландската пејачка во њујоршки МоМа. Фустанот се најде на стотици листи на највпечатливи оскаровски изгледи, постојано медиумите се наварќаат токму на таа креација, а модели на KTZ носат некои од најпознатите музички ѕвезди на денешницата како Ријана, Кети Пери, Канје Вест, Мајли Сајрус, Виз Калифа… Оттаму тезата дека не слушнале за него можеби не држи. Американскиот моден свет секако го познава, европската и азиската публика одамна исклучително го цени, но можеби со ревијата на модната недела во Њујорк ќе ја освои и пошироката американска публика. Затоа, секој публицитет и запознавање со модниот свет на Македонецот Пејоски пред широката американска публика е добредојден. (К.Т.)
Нема коментари