Црвенокосата модна икона и уредничка за аксесоари во американскиот магазин Marie Claire ја обожава цветната шара имногу често ја носи во различни комбинации. Таа покажува дека овој принт може да биде забавен и далеку од онаа претстава за демоде романтичните фустани со цветчиња. Томаси Хил, која што кариерата ја почна во Teen Vogue и некое време беше уметнички директор на онлајн продавницата Moda Operandi, ги сака боите и смелите кроеви, а на еклектичен начин носи и парчиња со цветни шари. „Бидете свои. Исто така е важно да пробате нови работи. Понекогаш не треба да се плашите да пробате нешто што на прва ви се чини не е по ваш вкус“, советува Томаси Хил која и самата не се плаши да експериментира со стилот.
Нема коментари