Созреана, но сè уште со колоритен, несекојдневен имиџ, осумнаесетодишната блогерка Тави Гевинсон се појави на насловната страница на новиот број на Lula Magazine. Тави ја паметиме како чудото од дете и најмладата влијателна модна критичарка, која успеа на 13 години да седне во првите редови, рамо до рамо со Ана Винтур и другите модни урендички. Фотографиите за Lula Magazine ги сними Даниел Левит, а стајлингот е на Ентони Анвин од Atelier Management. Амбиентот е оставен од дизајнерот Лорен Бар.
Рисокосата блогерка, која освен својот блог Style Rookie има пишувано колумни во познатиот магазин „Харперс базар”, а има известувано и за „Фешн” , успеа уште како дете да се наметне како авторитет и да биде прифатена во модните кругови како важен фактор уште повеќе ја нагласува значајната улога што ја има интернетот за надминување на традиционалните бариери. Во почетокот повеќето сметаа дека нејзиниот блог е лажна платформа што ја креираат некои добри познавачи на модниот бизнис, зошто на него можеа да се најдат сериозни анализи на магазините и професионални коментари. Осум месеци откако го лансирала својот моден дневник, таа добила имејл од сестрите Кејт и Лора Маливи, сопственички на модниот бренд “Родарте”.
Омилена дизајнерка на оваа мала блогерка од предградието на Чикаго, е Јапонката Реј Кавакубо, која според многумина е првиот кон-цептуален креатор чии облеки често предизвикуваат чудни реакции кај луѓето. А има носено и креации од македонскиот дизајнер Ристо Бимбилоски.
Нема коментари