Американскиот моден магазин Pump на насловната страница ја стави македонската манекенка Татјана Јанушева и објави фотосесија направена на островот Санторини.
-Татјана Јанушева (16) од Велес е новото лице на престижниот американски моден магазин Pump. Фотосесијата беше направена летово на прекрасниот остров Санторини со модната фотографка Наташа Настова Панова. Покрај големиот број на ангажмани во земјава на Јанушева ова ѝ е прва насловна во светскиот моделинг. Таа веќе една година е дел од модната агенција „Моделс ИН“ од Скопје, кои пак планираат да ја пласираат многу брзо во интернационалниот моден свет. Ова е голем и значаен успех и за нас како агенција, посебно за Тања, затоа што ваков моден едиторијал многу значи за нејзиното портфолио. Јанушева е на почетокот на својата кариера, меѓутоа со ваков старт очекуваме многу брзо да го освои светскиот моделинг – вели Алек Наумовски, нејзинот матичен агент.
@Pumpmagazine cover photo
Model @janushevatanja from @modelsinmgmt
Photography @nastovaphotography
Styling @natasanastovapanova
Designer @eleanorgeraldine
Makeup @promakeupbynatasha
Fabrics from Orbis #veles #Macedonia
Assistant @dimovskanena
Location #Santorini #Greece
Нема коментари