Македонската манекенка Татјана Јанушева продожува со успеси во својата интернационална кариера и блесна во новата кампања на модниот бренд Страдивариус. Фокусот во колекцијата од оваа кампања е ставен на модните парчиња од тексас материјал.
-Иако кампањата беше изработена пред само една недела во Барселона, креативниот тим на брендот го објави материјалот уште пред 2 дена на нивниот сајт. Јанушева после успесите и ангажманите од мината година каде работеше на одлични проекти во Париз и Милано , сега ја освојува и Шпанија, Веќе е букирана и за други модни кампањи кои допрва треба да ги изработи. Како дел од најдобрата светска модна агенција Next Model Management, Татјана ја има таа привилегија да биде во самиот центар на модните случувања. Уште еднаш се докажа дека Јелена Ивановиќ (JS Management) никогаш не греши во проценката да избере супермодел од овие наши простори А нашата Татјана сосема заслужено се вивна во самиот врв на модните случувања, бидејќи ние како нејзина матична агенција одамна ги препознавме сите нејзини неверојатни квалитети – велат од Моделс ИН Менаџмент.
Нема коментари