Менекенката Татјана Јанушева успешно гради кариера на домашната сцена, но работи и како интернационален модел. Најново, таа е на насловната страница на српското издание на престижното списание Elle. Од нејзината матична модна агенција Моделс ИН од Скопје информираат дека Јанушева пред две недели била во соседна Србија за да го изработи модниот едиторијал и насловната страница за септемврискиот број на овој моден магазин.
-Како што веќе знаеме, Татјана потпиша договор со една од најдобрите модни агенции NEXT MODELS и веќе се подготвува за ново модно освојување. Последните две години работеше на одлични кампањи и за големи докажани брендови додека престојуваше во модните центри Милано и Париз. Кариерата успешно ѝ ја води прекрасната Јелена Ивановиќ и целиот нејзин тим кои кај нашата убавица препознаа карактеристики на врвен светски интернационален модел. Горди сме на неа и нејзините успеси докажуваат дека нашата земја има што да понуди во светскиот „моделинг“- велат од нејзината матична агенција Моделс ИН.
Нема коментари