Македонската манекенка Татјана Јанушева, позната како Тати, е една од најдобрите наши модели која позади себе веќе има голем број на кампањи и едиторијали за светски дизајнери.
Најновиот голем успех е модниот едиторијал за светското модно списание L’ Officiеl – Балтик, насловен како Dolly Dreams, направен во Мадрид со познатиот моден фотограф Алфи Гомез.
-Убавината и талентот на Јанушева веднаш го препознаа од светската и реномирана модна агенција NEXT Management ,којашто одлично ја застапува на интернационално ниво. Тати е вистински пример за една успешна модна приказна на која сме многу горди и нескромно среќни за нејзините светски достигнувања – велат од матичната агенција Моделс ИН.
Нема коментари