Нашата интернационална манекенка Тати Јанушева во последниве месеци престојуваше во најголемите модни центри Париз, Лондон, Милано и Мадрид, каде работеше на многу кампањи и едиторијали. Последно, Тати се појавува во кампањата за познатиот бренд Tod’s изработена во Милано, во која таа позира во облека, обувки и чанти од новата колекција.
-Татјана Тати има изградено веќе богато портфолио и ангажмани за врвни брендови како Sportmax, Prada, Miss Sixty, Champion, Fila, Tally Weijl… Под ексклузивен договор е со светската реномирана агенција NEXT Management, која пак одлично ја застапува на интернационално ниво. Нејзината светска убавина и секако одговорноста како искучителен модел ја сместија во самиот зенит на светската сцена на модата. Маестрална и неповторлива, Тати е нашата гордост – велат од нејзината матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.
Нема коментари