Тања Кокев ја подготвува новата колекција за есен-зима 2018 што ќе ја претстави преку модна ревија и кампања, за што ќе организизира отворен кастинг за модели. Сите заинтересирани девојки своето учество може да го пријават на фан страницата на Кокев на Фејсбук, и треба да испратат своја фотографија, дата на раѓање, пропорции и телефонски број за контакт.
Од тимот на Кокев замолуваат заинтересираните да не испраќаат пораки на нивните приватни Фејсбук профили и да не се јавуваат телефонски, туку пријавите да ги пратат на фан страницата на Кокев. Само тие пријави ќе бидат земени во предвид.
Нема коментари