Под името LifeStyleFactory, македонската дизајнерка Тања Добровоцки oд 17 до 29 октомври ќе учествува на групна изложба во галеријата „Прима Центар“ во Берлин. Македонската дизајнерка на индустриски производи и мебел, на изложбата која го носи името PostWalterismus, ќе се претстави со 24 рачно изработени предмети.
Посетителите на „Прима Центарот“ во Берлин ќе можат да ги видат сите нејзини досегашни производи претставени преку дрвени макети. На овој начин ќе бидат презентирани неколку модели од: масите EthnoCube, PixelMe, DarkForest и Zen II, столиците Caleidoscope и Muse, како и полицата „Архитектура“. Покрај макетите, со потписот на LifeStyleFactory ќе бидат изложени и шест чинии со карактеристични македонски етно- мотиви, а ќе биде прикажано и видео од процесот на изработка и начинот на употреба на предметите.
Минатата година младата дизајнерка, со постер од решението за нејзината маса EthnoCube, учествуваше на изложбата Das ist Walter, во истата галерија, на која беа избрани четворица победници. Гласањето од на изложбата ја пласираше Тања Добровоцки меѓу првите четворица, со што и се овозможи учество на овогодинешната изложба.
Нема коментари