Фотографското дуо Мерт и Маркус ја сними новата реклама на брендот Gucci за пролет-лето 2014. Гланите улоги во видеото ги толкуваат младите модели Аманда Велш и Елизабет Ерм -кои се заштитни лица на женската колекција, како и Лук Штејт и Томасо ди Бенедиктис – кои ја преставуват машката линија. Манекените, налик на воини од култниот филм на Тарантино, „Убиј го Бил“, танцуваат во ритамот на моќната музика. Во оваа модна битка, тие ги носат креациите е од новата колекција која иако е луксузна има спортстки шмек.
Нема коментари