Македонската компанија Bottega Eventi која што се занимава со организирање и декорирање на настани ја воведува линијата Fiori која што се однесува на дизајн на цветни аранжмани. За промовирање на новата линија Bottega Eventi ја реализира фотосесијата Night before the bloom („Ноќ пред цутењето”) во која главна улога има пејачката Тамара Тодевска. Фотографиите се дело на тандемот Ани и Дими и се направена на една еснафска локација во Скопје која контрастно ги истакна декоративните моменти. Во едиторијалот Тамара носи креации од колекцијата Mariguccha на модната дизајнерка Нела Тодоровска, а шминката и фризурата се на Арменд Рамадани.
-Инспирација за оваа фотосесија е нескротливиот дух на Тамара, претставен во ноќта која ја отсликува возбудата при визуелизацијата на совршениот изглед за новото расцветно утро кога нејзината бајка станува реалност – велат од Bottega Eventi.
Тамара позира во неколку долги фустани покрај маси декорирани со драматични чаршави и стаклени цвеќници, а централно место имаат цветните аранжмани во кои доминираат цветови со впечатливи бои. Претставени се аранжирани природни цвеќиња од линијата Bottega Fiori, светлосни форми од италијанскиот производител Slide, Milano, како и accessories за цветни аранжмани, дизајнирани од Bottega Eventi кои комбинирани заедно го отсликуваат препознатлив „сетап“ на компанијата.
Нема коментари