Битолската дизајнерка, која неколку години живее и гради успешна модна кариера во Швајцарија, Тамара Перез, е во конкуренција за MUUSE x Vogue Talents Young Vision Award 2014. Станува збор за светски моден натпревар, во соработка на два светски гиганта во областа на модата: MUUSE – светски позната платформа за следење, развој, продукција и дистрибуција на дизајните на младите таленти – и Vogue – највлијателниот моден печатен и онлајн-медиум. Натпреварот се одржува онлајн, а дизајнерите можат да поднесат портфолија, висококвалитетни фотографии со пет изгледи од своите колекции. Гласањето се одвива преку социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“. Натпреварот се одржува онлајн, а за Тамара може да се гласа на: vogue.muuse.com/#!vote/1120-tamara-pérez .
Ова е трето учество на македонската креаторка на овој избор. Овој пат конкурира со својата колекција пролет-лето 2014, која премиерно ја претстави минатиот декември во Лозана.
-Колекцијата е наречена Purifying Challenge (Предизвик за прочистување) и е инспирирана од потребата да се спротивставам на социjалната атмосфера базирана врз неселективната потрошувачка. Во креирањето тргнав со идејата да создадам креации кои ќе рефлектираат свесен избор, поради нивната техничка уникатност, но исто така поради нивната безвременска димензија. Мојата работа сè повеќе зазема една неконвенциална позиција, отпор на она што е сервирано од големите трендсетерски конгломерати. Во моите креации естетика се постигнува како резултат на комплексенен технички и истражувачки процес-изјави Тамара за Stylist.mk.
Линијата содржи 17 модели кои се лесни за меѓусебна комбинација. Доминира белата боја, која е сврзно ткиво на колекцијата. Таа е симбол на прочистувањето, додека зелена и сребрената нијанса акцентираат со нивната свежина и умерена доза на луксуз.
Натпреварот е наменет е за млади дизајнери, кои излегуваат од сите најпознати светски модни училишта како академијата во Антверп, Белгија, ЕСМОД интернешнал, како и за дизајнери кои веќе неколку сезони функционираат на пазарот и имаат потреба од продукција и промоција на своите креации преку највлијателниот моден медиум како што е Vogue во чија категорија спаѓа и брендот на Тамара. Главната награда се состои од можноста дизајните на победникот да бидат произведени од MUUSE и една година моделите да бидат промовирани во Vogue, во секторот млади таленти, каде што ќе се појавуваат фотографии од работата, интервјуа… Во тек е првиот круг од гласањето, кој трае до 11 јули, по што 50 кандидати од пријавени неколку стотици млади дизанери од цел свет, влегуваат во финалето. Од нов ирито во состав: модната уредничка на италијански Vogue, Сара Мејно ќе изберете еден добитник на гранд при и плус 10 други кретори од кои онлјан заедницата треба да го изберете добитникот на people’s choice наградата. Победниците ќе бидат прогласени во август, за време на Модата недела во Копенхаген. (А.Н.)
Нема коментари