Битолската дизајнерка, која живее и работи во Швајцарија, Тамара Перез, на 19 декември (четврток) ќе ја промовира својата нова колекција за сезоната пролет-лето 2014. Рeвијата ќе се одржи во хотелот Beau Rivage во Лозана.
Создадов креации кои ќе рефлектираат свесен избор, поради нивната техничка уникатност, но исто така поради нивната безвременска димензија. Мојата работа сè повеќе зазема неконвенциална позиција, отпор на она што е сервирано од големите трендсетерски конгломерати-вели Перез
- Колекцијата е наречена Purifying Challenge (Предизвик за прочистување ) и е инспирирана од потребата да се спротивставам на социjалната атмосфера базирана врз неселективната потрошувачка. Во креирањето тргнав со идејата да создадам креации кои ќе рефлектираат свесен избор, поради нивната техничка уникатност, но исто така поради нивната безвременска димензија. Мојата работа сè повеќе зазема една неконвенциална позиција, отпор на она што е сервирано од големите трендсетерски конгломерати. Во моите креации естетика се постигнува како резултат на комплексенен техннички и истражувачки процес-вели Тамара.
Линијата содржи 17 модели кои се лесни за меѓусебна комбинација. Доминира белата боја, која е сврзно ткиво на колекцијата. Таа е симбол на прочистувањето, додека зелена и сребрената нијанса акцентираат со нивната свежина и умерена доза на луксуз.
-Мојата таргет група е активната жена на 21. век, која има потреба од фунционални, но уникатни модели кои што ја овозмозуваат неопходната мобилност, комфор, но и седуктивност во овој екстремно динамичен начин на живот. Кога клиентката се одлучува за моите креации свесна е дека тоа е избор заснован на нејзиното знаење и потребата да се бира облеката како резултат на намерна и промислена постапка, која не се базира на потрошувачките импулси. Мојата клиентка ја разбира облеката како дел од уметноста и воедно го поддржува мојот концепт за безвременска димензија, која ја рефлектираат моите креации-вели таа.
Користењето на комплексни кроечки техники придонесуваат за создавање на несекојдневни креации, кои стануваат заштитен знак за брендот на Перез. Изборот на материјали го направила со соединување на принципите: функционалност, практичност и одржување, беспрекорен квалитет, максимална адаптација на временските услови и сезоната. Застапени се 100 отсто швајцарски памук и 100 отстотна италијанска свила.
-По оваа презентација, следува лансирањето на мојата онлајн продавница која е истовремено дел од реконструкцијата на мојот сајт, што ќе овозможи поинтерактивен контакт со купувачите како и поголемо пристство преку социалните мрежи. Неколку национални и интернационални мултибренд продавници се заинтересирани колекцијата да биде дел од нивната продажна селекција за сезоната пролет-лето 2014.
Креаторката лето одржа ревија во музејот Пацио во Битола, во рамките на „Бит-фест“, каде штоја престави својата колекција за сезоната есен-зима 2014. Моделите беа инспирирани од македонски фолклор. Тамара е родена во Битола. Таа често го посетува својот град , пред сè бидејќи таму живеат нејзините мајка и сестра, како и останатото семејство. Има дипломирано меѓународна економија, но животниот пат ја однел во сосема друг правец – во светот на модата. Тоа некако се поклопило и со нејзиното заминување во Швајцарија, каде што живее од 2006 година.
- Пред да почнам професионално да се занимавам со дизајнирање бев голем моден ентузијаст, следев сè што се случува на модната сцена во светот, но имав потреба од повеќе… Пред преселбата во Швајцарија, поттикната од љубопитноста, сама ги совладував техниките на дизајнирање. Покрај неопходноста да го совладам францускиот јазик, се посветив на изучување и модното креирање. За да добијам кредибилитет и можност да навлезам во структурата на тамошната сцена аплицирав во еден од факултетите за моден дизајн. Успеав во рекорден рок, од само две години, да ги завршам студиите, со полагање на сите европски како и национални испити – вели таа и раскажува дека со дипломска колекција предизвикала големо внимание во модните медиум и тамошната сцена.
Во 2011 година ја добила DESSMODE – европска диплома во моден дизајн и модерни техники. Оттогаш редовно е присутна на Suisse Romande модна сцена и на меѓународно ниво. Kреациите ги има претставено пред клиенти во Швајцарија и во Германија. Нејзината работа е објавувана во повеќе меѓународни списанија: „Лук“ и „Грација“ (Италија), „Еделвајс“ (Швајцарија) и „Фешн маг“ (Франција). За само две години има успешен пробив на модната сцена. Покрај презентацијата во Битола, зад неа се ревија на „Лауфстег Осло“ и презентација во шоурумови во Лозана. Тука е и презентација во Берлин во рамките на тамошната модна недела и шоурумот „Фиер менаџмент“. Учествувала на ревија на „Женева оупенинг дејс“ во 2011, на „Еделвајс шоурум“ во Женева во 2012 година организирано од модното списание „Еделвајс“ во кое редовно се појавува нејзината работа, а е поканета да учествува и ова година во септември. Ја има освоено и прва награда за моден дизајн на конкурсот организиран од „Шевролет јанг криејтив“.
Во тесна конкуренција од 30 дизајнери на женска облека, пред неколку месеци Перез беше избрана меѓу 9-те финалисти на Швајцарскиот национален натпревар, организиран од модното списание „Еделвајс“ и од „Лореал“. Таа беше во конкуренција и за интернационалата награда „МУУСЕ-Вог талент аворд“. Светски моден натпревар беше реализиран во соработка на два светски гиганта во областа на модата: МУУСЕ – светски позната платформа за следење, развој, продукција и дистрибуција на дизајните на младите таленти – и „Вог“ – највлијателниот моден печатен и онлајн-медиум. Натпреварот се одржуваше онлајн. Перез се претстави со моделите од колекцијата инспирирана од македонскиот фолклор, која ја промовира летово во рамките на „Бит-фест“.
Нема коментари