Личните сфаќања и убедувања за состојбата на светското општество, навиките врзани за импулсивното конзумирање и недоволното внимание посветено на импактот кој индивидуалната потрошувачка го има врз светскита економија и екологијата, биле основната идеја за создавање на новата колекција на македонката дизајнерка со адреса на живеење во Швајцарија, Тамара Перез.
-Целта ми беше да предложам солуции – модни елементи, кои се во хармонија со етичките и еколошките стандарди и сведочат за современа интерпретација на модните техники и нивна најфункционална реализација, каде што квалитетот е условот кој го филтрира финалниот изглед-вели Перез, која е родум од Битола.
Ако претходната колекција, за пролет-лето 2014, го носеше името Purifying Challenge, оваа линија е наречена Step Further, во продолжение на концептот на нејзиниот бренд, гледајќи над консумеризмот и квантитетот. Новите модели, наменети за сезоната есен-зима 2014/15, ги претстави деновиве во центарот за поп-ап збиднувања, наречен The Square во Женева.
-Покрај дирекната продажба на парчиња од изминатите колекции, коктел и дружење, посетителите имаа можност да присуствуваат и на фотографирањето во живо на зимската колекција со модната блогерка Наташа Бодот, како модел. Овој несекојдневен начин на презетација ги заинтригира присутните-вели таа.
Колекцијата е составена од 13 парчиња, меѓусебно компатибилни, кои овоможуваат многубројни комбинации.
- Секое парче е замислено како елемент кој ќе го зачувува својот квалитет и после долги периоди на употреба и претставува клучен дел од гардеробара на активната жена со својот безвременски- „анти-демоде” карактер… Изборот на материјалите е сведен на принципите: приподни фибри и европско производство, најмал можен импакт врз околината со редуцуран процент на загадување при транспорт, супериорен квалитет кој е во согласност со продолзениот рок на употреба на самите парчиња.
Изборот на бои е намерен и поврзан со „прочистувачкиот” елемент на концептот на Тамара. Тој е сведен на ахроматска палета од бела до црна со сребрено-сива, како интремедиер.
-Трендот, како што веќе е познато, е создаден од бироата за трендови најмалку две години пред да промоцијата на модните писти. Доколку интуицијата на дизајнерот е во хармонија со пулсирањата на модната индустрија, секако дека е во можност да ги насети трендовите и да биде свесен за нивното постоење пред клиентите….Но, колку дизајнерот ќе одлучи полу-подготвени, масивни кретериуми да бидат дел од неговото артистичко изразување, е прашање на негова лична проекција и линија на осцилирање на сопствениот бренд. Во мојот бренд , трендот е само еден елемент од процесот на креирање, во никој слуцај не и лајтмотив-базична идеја на која надградувам-вели таа.
За неколку дена колекцијата е биде преставена на модна ревија во Женева, која истовремено е замислена и како поп-ап продавница, каде што клинетите ќе може да реализираат нарачки за зимската колекција и да купат производи од актуелната летна колекција. Понатамосната етапа е дистрибуција и преговори за продажба на линијата во мултибренд проданиците. Зимската колекција ќе биде на продазба од септември- октомври 2014 на онлајн продавницата на Тамара како и во бутикот Sodgerel Cachemire во Женева.
Ова беше доста активен период за Перез. Изработи и мини колекција од седум парчиња кои се произведени од кашмир , како и ексклузивен мотив-дизајн, кој е испечатен врз марами од кашмир. Производите ќе бидат во продажба од септември во исто бутикот Sodgerel Cachemire.
-Наредниот период ме очекуваат сликања, конкурси, посета на професионални саеми и развивање на дистрибутивната мрежа….Колекцијата за лето 2015 почнува да ја добива својата автентичност. Секоја активност понатаму е во согласност со модните календари и вообичаените активности кои една модна куќа ги исполнува-вели таа.
Во 2011 година доби DESSMODE – европска диплома во моден дизајн и модерни техники. Оттогаш редовно е присутна на Suisse Romande модна сцена и на меѓународно ниво. Kреациите ги има претставено пред клиенти во Швајцарија и во Германија. Нејзината работа е објавувана во повеќе меѓународни списанија: „Лук“ и „Грација“ (Италија), „Еделвајс“ (Швајцарија) и „Фешн маг“ (Франција). За само три години има успешен пробив на модната сцена. Покрај презентациите во родната Битола, зад неа се ревија на „Лауфстег Осло“ и презентација во шоурумови во Лозана. Тука е и презентација во Берлин во рамките на тамошната модна недела и шоурумот „Фиер менаџмент“. Учествувала на ревија на „Женева оупенинг дејс“ во 2011, на „Еделвајс шоурум“ во Женева во 2012 година организирано од модното списание „Еделвајс“ во кое редовно се појавува нејзината работа, а е поканета да учествува и ова година во септември. Ја има освоено и прва награда за моден дизајн на конкурсот организиран од „Шевролет јанг криејтив“.
Фото: Хорхе Ромеро
Модел: Наташа Бодот
Нема коментари