Кога летово модната дизајнерка Силвија Михајловска го снимаше промотивниот едиторијал за последната колекција на својот бренд Алшар, на фотосесиите присуствуваше и режисерката Тамара Котевска која беше предизикана да создаде неколку дела преку својот објектив. Тамара и Силвија последнава година соработуваа неколку пати на моден план. Двете се препознале како талентирани уметници, Силвија со талент кон цртањето и модата, Тамара со талент кон подвижните, филмските слики. Тамара, како едната пoловина од режисеркиот тандем на светски признаетиот документарец „Медена земја“, во неколку наврати носеше модни креации на Алшар на настани кај нас и ширум светот, на едниот фустан дури и беа насликани мотиви од сцени на Honeyland и од хероината на филмот Атиџе Муратова.
Модата и филмот често се испреплетуваат, а на Тамара ова ѝ беше првпат модата да ја стави во фокусот на својот интерес. Се внесе со целиот свој талент и со голема посветеност создаде фотографии и видеа во кои креациите на Силвија ги престави преку свои приказни – некогаш тоа е референца на стариот Египет, некогаш на урбаниот свет на графитите, а полињата во блиската околина на Музејот на современа уметност во Скопје ги направи како да се од сликите на Ван Гог. Режисерката својата уметничка слобода, сензибилитет и лично видување на модата и конкретно на моднит свет на Силвија и Алшар, одлично ги пренесе на модни фотографии и видеа. Фотографиите понекогаш заличуваат на кадри од филмска сцена, некогаш се дополнети со дигитална обработка со нови мотиви.
Фотографиите и видеата на Тамара Котевска за Алшар премиерно ги гледате на Stylist.mk.
Модна колекција: СИЛВИЈА МИХАЈЛОВСКА (АЛШАР)
Видео, фотографија и обработка: ТАМАРА КОТЕВСКА
Модели: МАЈА ИЛИОСКА И ЗАРА САЗДОВСКА
Локација:
EГИПЕТ
THE SAMURAI AGE
ВАН ГОГ
THE PROGRESSIVES
CAMOUFLAGED
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари