Следејќи ја девизата сè за добра фотографија контроверзниот Тајлер Шилдс сними нова фотосесија во која еден крокодил и една актерка се борат за чанта на Hermes вредна 100.000 долари – направена од крокодилска кожа. На фотографиите рептилот и актерката Ана Мулвој-Тен буквално се заби се борат за биркин-чантата во тегет боја. Авторот Тајлер вели дека ексклузивната чанта ја нарачал и чекал седум месеци да му ја достават, но таа сега е безвредна поради тоа што е уништена од забите на крволочниот крокодил. Или можеби ќе добие на вредност како предмет на уметност?! Познат по шокантни фотосесии на Шилдс не му е првпат да се занимава со скапите чанти од Hermes, пред неколку години тој и неговата тогашна девојка Франческа Иствуд се фотографираа како палат, па сечат со моторна пила еден друг модел на чанта на Hermes.
Нема коментари