Шведскиот моден бренд H&M најави соработка со еклектичниот бренд на Ричард Алан основан во 1962 година и познат по шарените марами и креациите со смел дизајн и апстрактни шари. Култните отпечатоци на Ричард Алан се најдоа на моделите од женската колекција на H&M, на фустаните, кошулите, панталоните, здолништа, и се разбира, на марамите.
Колекцијата H&M x Richard Allan со шарите и силуетата ќе нè врати назад во 60-тите години од минатиот век за да повторно го доживемее духот на Swinging London. Принтовите се ревземени од архивата на Ричард Алан благодарение на неговата ќерка Кејт, која денес е креативен диркектор на брендот.
-Прекрасно е да се знае дека принтот на татко ми ќе го носи потполно нова публика и тој би бил одушевен. Многу од неговите шарени дизајни денес се еднакво релевантни како и во периодот од 60-тите до 80-тите кога биле создадени. Повторната интерпретација на H&M за 21 век им даде модерен печат. Се надеваме дека ќе им ја отвори вратата на новите генерации на нови места, покажувајќи им го извонредниот талент на Ричард Алан, чии принтови станаа спореден израз за шарен шик изглед – вели Кејт Алан.
За новата колекција на H&M искористени се неколку специфични принтови на Алан – пулсирачкиот Piccadilly, Palme кој се темели на дрво, Sanaa е инспиран од историјата на Лондон, Scott е интерпретација на стари ткаени плетива од Шкоткските низини (и предвесници на тартан-карото), а Muse е апстрактен приказ на деветте музи од грчката митологија.
-Swinging London од 60-тите е иконска ера полна со прекрасни отпечатоци и карактеристичен дух што се чувствува и денес. Апсолутно сме одушевени што соработуваме со еден од најимпресивните дизајнери на принтови од таа ера. Преземајќи ги овие класични винтиџ-принтови и ставајќи ги во нов контекст, парчињата од колекцијата H&M x Richard Allan истовремено даваат чувство на сила и на женственост, но на софистициран начин – изјави Марија Остблом, шеф на одделот за женска облека на H&M.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари